Поминаа пет години од смртта на Оливер Драгоевиќ, а неговото семејство реши да објави една од неговите необјавени музички нумери како вовед во албумот што ќе следува есенва.
„Со заминувањето на Оливер наследивме сè што тој создаде во текот на неговата долга кариера, а од која произлезе огромна одговорност кон неговото наследство, но и кон неговите обожаватели, кои секогаш го придружуваа на неговите патувања. Чувствувавме потреба да ги обединиме песните што останаа необјавени, а со помош на соработниците и пријателите на Оливер го подготвивме овој албум водејќи се од неговите критериуми и афинитети. Добро е познато дека тој беше скромен човек, но кога стануваше збор за музика, секогаш го бараше максимумот од себе. Со помош на неговата долгогодишна издавачка куќа ‘Аквариус рекпрфс’ целиот албум ќе биде подготвен за издавање есента 2024 година“, соопшти неговото семејство.
Спотот за песната го направи Матко Петриќ, кој многупати соработувал со Оливер и најдобро го познава неговиот визуелен сензибилитет. Посебно емотивен момент е појавувањето на внукот на Оливер, Тони, во видеото, што особено се вклопи во оваа приказна за носталгијата и сеќавањето на еден од најголемите.
Текстот (Видео) Пет години по смртта, објавени нова песна и видеоспот на Оливер Драгоевиќ е превземен од МАКФАКС.