(Видео) Пијан поп не сакал да плати во Лидл, полицијата морала да го изнесе од маркетот

(Видео) Пијан поп не сакал да плати во Лидл, полицијата морала да го изнесе од маркетот

пред 3 години

Пијан поп од српската православна црква не сакал да ја плати сметката во „Лидл“ во Инѓија, па вработените викнале полиција, пишува локалниот портал „Инмедија“.

Според очевидци, настанот се случил на 28 март, во вечерните часови. Свештеникот ги убедувал продавачите да не му ја наплаќаат робата што ја зел и да му ја однесат во автомобилот. Откако персоналот одбил да го стори тоа, по долго убедување, свештеникот седнал на подот и почнал да протестира. Вработените повикале полиција, која го извадила од маркетот, пишува порталот.

„Ова е трагично. Свештеник во мантија со крст околу вратот за време на постот, видно пијан, седи на под и бара да му ја дадат стоката што ја зел и не сака да плати“, рекла жена која била сведок на настанот.

Share
Scroll to Top