Видеото со момчето кое плаче и се држи за пластични шишиња за да не потоне, обидувајќи се од Мароко да стигне до Шпанија го потресе светот. На неговото лице се гледа како со болка, очај и трошејќи ги последните последни сили се обидува да доплива до брегот.
Детето се бореше да не потоне и благодарение на шишињата кои му се закачени околу телото тој успеа да стине на брегот. Момчето се обиде да им избега на војниците кои го бркаа. Тоа се обиде да се качи на висок камен ѕид, но, безуспешно.
„Мора да се соочил со нешто неподносливо затоа што во спротивно немало да се обиде да плива до Шпанија. Се надевам дека ќе пронајде мир во животот. Ниту едно дете не треба да страда на каков било начин. Ако беше помал ќе го земеа веднаш. Се молам да пронајде добар дом“, биле некои од коментарите.
Момчето е само едно од илјадниците мигранти од Мароко, кои се обидуваат да стигнат во Шпанија, но полицијата и војската ги враќа назад. На плажите во Шпанија, деновие можат да се забележат огромен број на оклопни возила.