(Видео) Поетот Горазд Китановски рецитира поезија во автобус 41 на ЈСП за убав ден на патниците

(Видео) Поетот Горазд Китановски рецитира поезија во автобус 41 на ЈСП за убав ден на патниците

пред 4 години

Младиот поет Горазд Китановски деновиве на невообичаен начин се одлучи да ја промовира својата нова книга „Бетер Times”.

Возејќи се во градската автобуска линија 4, на пат кон Драчево, Горазд пред патниците рецитираше дел од песните. Со дел од нив напишаа и нови песни за време на возењето.

„Чувството е феноменално кога на некој ќе му го разубавиш денот, барем на момент“, вели тој.

Настанот брзо стана вирален на социјалните мрежи, а Китановски соопшти дека веќе работи на нов проект насловен „Ние”, каде собира стихови од луѓе на веќе зададени теми.

Share
Scroll to Top