Пловечкиот ресторан „Џамбо“, кој се сметаше за едно од најголемите обележја во Хонгконг потона пред неколку дена откако бил одвлечен од пристаништето. Овој ресторан беше стар 50 години, а се преврте во Јужнокинеското Море поради лошите временски услови.
Тој требаше да биде однесен на непозната локација.
„Многу сме тажни поради несреќата, но барем никој не е повреден. Водата на местото на несреќата е длабока над 1.000 метри, поради што беше екстремно тешко да се изврши спасување“, објави „Абердин ентерпрајзис“, сопственикот на ресторанот.
Ресторанот беше затворен во март 2020 година, брзо по избивањето на пандемијата со коронавирусот. Повеќе од три милиони луѓе го посетиле ресторанот, кој бил познат по кантонската морска кујна. Меѓу гостите била и кралицата Елизабета Втора, Том Круз и милијардерот Ричард Бренсон. Во овој ресторан биле снимени и голем број филмови.
Ресторанот бил долг 80 метри, а го отвори магнат од Макао во 1976 година. Во меѓувреме стана и популарна туристичка дестинација, а беше препознатлив по неговата кинеска декорација. „Џамбо“ со години имаше финансиски проблеми и не работеше профитабилно од 2013.