Во петте сезони кои до сега ги имаше серијата, Преспав успеа да се наметен како хит серија и стана една од домашните најуспешни серии снимани досега.
Деновиве стигнуваат одлични вести за сите обожаватели на комедијата, „Преспав“ , атоа е дека се враќа на ТВ екраните, во малку поразличен концепт од досегашниот.
На јутјуб веќе е објавен и трејлер со име „Кујната на Марио“, а според она што можеме да го видиме, ликот на Марио кој го игра неповторливиот Васил Зафирчев, овој пат ќе ги учи гледачите да готват, а на менито се 10 рецепти за превкусна храна со добро познати гости. Кулинарското шоу започнува од 29 април.