Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ги покани граѓаните од целата држава да бидат дел од годинашното издание на Фестивалот на пивото 2026, најавувајќи три дена исполнети со музика, забава и богата фестивалска програма.
„Од 17 до 19 јули Прилеп ќе биде центар на забавата во Македонија“, порача Проданоски во своето гостување на МРТ 1, каде ги претстави подготовките и програмата за една од најпосетените летни манифестации во земјава.
Фестивалот годинава ќе се одржи од 17 до 19 јули и ќе понуди настапи на домашни и регионални музички ѕвезди, богата гастрономска понуда, разновидни пивски брендови и бројни содржини за посетителите. Организаторите очекуваат илјадници гости од Македонија и од странство, а Прилеп повторно да ја потврди својата репутација како домаќин на една од најголемите летни фестивалски манифестации.






