Луѓето кои порано почнуваат да украсуваат за Нова година се посреќни

Луѓето кои порано почнуваат да украсуваат за Нова година се посреќни

пред 3 години

Психијатарот Стив Меккеон тврди дека луѓето кои порано почнуваат да украсуваат за Нова година и Божик се многу посреќни и повозбудени за животот од останатите. Според него, празничната еуфорија е добра работа. Тој вели и дека носталгијата што се јавува во овој период нè враќа во детството кога сме немале обврски, работа, сметки и стрес.

„Иако постојат бројни причини зошто некој би бил опседнат со раните подготовки, најчесто причината е носталгијата и обидот да се проживее магијата на минатото. Во свет полн со стрес и анксиозност, луѓето сакаат да прават работи што ги прават среќни, а новогодишните декорации ги враќаат убавите чувства од детството. Декорациите се како пат кон овие волшебни емоции и возбуда.“

Носталгијата за време на празничниот период исто така нè потсетува и на саканите кои повеќе не се со нас.

„Можеби празниците ви се потсетник за времињата кога некоја сакана личност била жива. А можеби гледањето во елката ве потсетува на времињата кога сè уште сте верувале во Дедо Мраз“, рекол тој.

Но тоа не е сè. Наводно, луѓето кои сакаат да го украсуваат домот не само внатре туку и од надвор, се попријателски настроени за разлика од нивните соседи.

 

Share
Scroll to Top