(Видео) Русин го искрши својот Ајпод како одговор на американските санкции

(Видео) Русин го искрши својот Ајпод како одговор на американските санкции

пред 3 години

Откако „Епл“ престана да ги продава производите во Русија, се појави видео од еден Русин како со чекан го крши својот Ајпод. Видеото го објави белорускиот медиум „Некта ТВ“, а истото стана вирално на социјалните мрежи

„Одговор на американските санкции“, рече Русинот додека го кршеше Ајподот, а потоа му го подаде чеканот на синот ѝ му рече и тој да удри. Момчето со насмевка брзо го послуша.

За потсетување, „Епл“ привремено престана со продажба на производите во Русија, како одговор на руската инвазија во Украина.

„Длабоко сме загрижени поради руската инвазија во Украина и стоиме зад сите кои патат од насилство“, наведоа од „Епл“ во соопштението.

„Ги поддржуваме хуманитарните напори, даваме помош за растечката бегалска криза и правиме сè што можеме за да ги поддржиме нашите тимови во регионот.

Share
Scroll to Top