(Видео) Се венчале во ковид-болница, пред младоженецот да биде ставен на респиратор

(Видео) Се венчале во ковид-болница, пред младоженецот да биде ставен на респиратор

пред 1 месец

Елизабет Кер (31) од Велика Британија се венчаше со своето момче Сајмон Обрајан (36) во ковид-болница. Двајцата се венчаа пред Обрајан да биде ставен на респиратор.

Двајцата на 9 јануари биле префрлени во Универзитетската болница „Милтон Кејнс“ во Велика Британија. Персоналот побрзал да ја организира церемонијата, затоа што состојбата на Обрајан почнала да се влошува. Тие не го интубирале поради церемонијата.

Двојката планирала да се венча во јуни, но откако се заразиле со корона биле однесени во боллницата. Биле ставени во различни крила.

Кер, која работела како медицинска сестра, ѝ кажала на една од колешките за нејзините планови. Таа сакала да се венча со своето момче, затоа што чувствувала дека тоа може да ѝ биде и последна шанса.

Додека персоналот работел на обезбедување на дозволата за венчавка, на младоженецот состојбата му се влошила. Тој на 12 јануари бил префрлен на интезивна нега, а потоа бил ставен на респиратор. Персоналот почекал со интубирањето, за да се одржи венчавката.

Денеска и двајцата сега закрепнуваатт во болницата, пренесува Би-би-си.

 


Ќе ви се допадне

Share

Watch World Trigger 2nd Season Episode 3 at website https://gogoanime.be. See more kakegurui gogoanime

Dr. Stone: Stone Wars Eve of the Battle Special Feature (https://animeheaven.pro/m/2B7Y) Episode Full at website https://animeheaven.pro. See more anime heaven anime

Scroll to Top