Главниот лик кој го игра во серијата Ли Јунг Џе, изјавил дека продукцијата за престојната сезона ќе трае подолго од првата сезона.
„Сквид гејм 2“ ќе започне да се снима на лето и веројатно ќе бидат потребни околу 10 месеци за снимање. Работевме и на првата сезона околу 10 месеци, но тоа беше со доцнење предизвикано од коронавирусот. Втората сезона ќе биде поголема, веројатно ќе биде потребно повеќе време да се заврши“, изјавил актерот.
Се уште не е познато кога следната сезона на „Сквид гејм“ ќе се појави на Нетфликс, но со оглед на временската линија на распоредот за снимање на втората сезона, можно е серијата да се врати на платформата за стриминг некаде во 2024 година.
Актерот најави и дека втората сезона ќе се врти околу темата одмазда. Ова е во согласност со претходните сознанија за втората сезона.