Повеќе од 200 луѓе се повредени кога импровизирана монтажна трибина се урна среде фудбалски натпревар во Малапурам, Индија. Иако има многу повредени, нема ниеден починат навивач. Полицијата соопшти дека повредените се примени во неколку различни болници. Од нив пет се со сериозни повреди, но никој не е во животна опасност.
Организаторите по трагичниот настан изјавија несреќата се случила затоа што ситуацијата излегла од контрола бидејќи повеќе луѓе од дозволеното дошле да го гледаат натпреварот.
#WATCH Temporary gallery collapsed during a football match in Poongod at Malappuram yesterday; Police say around 200 people suffered injuries including five with serious injuries#Kerala pic.twitter.com/MPlTMPFqxV
— ANI (@ANI) March 20, 2022