Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во моментов престојува во Лондон каде има изнајмено куќа за неговото семејство и тимот за време на Вимблдон.
Ѓоковиќ на социјалните мрежи сподели видео во кое негоиот син, Стефан ја насмеа јавноста.
Додека Стефан чекаше неговиот татко Новак, и неговите сорабоници Горан и Марк да ја склопат трамболината, во еден момент нетрпеливиот Стефан разочарано рече:
„Како не знаете да составите трамболина, а играте на Вимблдон?“, рече Стефан.
Прашањето го насмеа Новак, а на оваа слатка реакција на Стефан и неговите следбеници на социјалните мрежи пишуваа коментари за овој момент. Еден од следачите на Новак Ѓоковиќ напиша „коментарот на детето е непроценлив скапоцен камен на чиста искреност“.