(Видео) Со песна и знамиња се славеше шампионската титула на Еурофарм Пелистер: „Ако одам во Битола“ ечеше на плоштадот Магнолија

(Видео) Со песна и знамиња се славеше шампионската титула на Еурофарм Пелистер: „Ако одам во Битола“ ечеше на плоштадот Магнолија

пред 2 години

На плоштадот Магнолија вчеравечер ракометарите на Еурофарм Пелистер ја прослави шампионската титула во македонската ракометна Суперлига. По 18 години ракометниот клуб го врати пехарот во Битола. Ова е седма титула во историјата на клубот.

На плоштатад се собраа голем број навивачи на клубот и љубители на спортот и славеа со „Ако одам во Битола“. На плоштадот била поставена и бина на која беа сите ракометари од клубот, а со нив пееше и битолчанецот Димитар Андоновски.

Еурофарм Пелистер го победи ГРК Тиквеш со 35:26 на домашен терен.

Пред натпреварот навивачите во салата „Боро Чурлевски“ ја поздравија последната генерација со која клубот од Битола беше шампион на Македонија од сезоната 2004/2005.

Следната натпреварувачка сезона 2023/2024 Еурофарм Пелистер ќе ја претставува Македонија во ЕХФ Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top