Фолк-пејачката Неда Украден воодушеви со изгледот на промоцијата на нејзиниот нов албум „Еднаш кога ова ќе пројде“. 70-годишната Неда носеше долг фустан со шлиц до колк и доби пофалби за изгледот и од фановите и од модните критичари.
„Ретки се жените што во осмата деценија можат да носат ваков смел модел, а на Неда тоа ѝ успеа“, пишуваат тие и додаваат дека годините не се важни кога е познатата пејачка во прашање.
„Ви благодарам на сите за незаборавната вечер“, напиша Неда на Инстаграм по промоцијата.