(Видео) Стотици луѓе во Скопје ги славеа различностите и љубовта: под мотото „Гласни и горди“ се одржа Парада на гордоста

(Видео) Стотици луѓе во Скопје ги славеа различностите и љубовта: под мотото „Гласни и горди“ се одржа Парада на гордоста

пред 1 година

Под мотото „Гласни и горди“ денеска се одржа „Парадата на гороста“. Со транспаренти и знамиња стотици луѓе маршираа од Паркот Жена борец кон Стадионот на Армијата во Градскиот парк во Скопје. Ги славеа различностите и љубовта.

Активистите говореа за нападите кои ги доживувале трансродови лица. Мајка на ЛГБТ дете испрати порака до родителите да си ги прифаќаат децата какви што се.

Маршот помина без инциденти и под силно полициско обезбедување. Имаше два подвижни подиуми, качени на камиончиња и музика која ги пратеше учесниците.

„Против христо-фашизмот, против капиталистичка парада“, „Вистинскиот феминизам е вклучувајќи ги транс лицата и сексуалните работнички“, „Братство и единство“ – беа дел од транспарентите.

Одбележувањето на денот продолжува и со кулутрно-уметнички перформанси.

 

 

Share
Scroll to Top