Познатите артисти Таско и Лина Пејовска ја промовираа новата песна „100 позива“. Песната е во поп-стил, за која музиката и текстот ги напиша Таско, аранжманот е на Aleks on the Beat од Шведска.
Спотот го режира Гордан Божиновски во соработка со Били Д, а интересно е да се напомене дека тимот на Урбан се првите Македонци што снимале во студијата на IDJ во Белград. Во спотот се менуваат повеќе интересни стајлинзи за кои се погрижија самиот Таско, за стајлингот на Лина модниот дизајнер Занов, „Ива Спасовска-ателје“ и Христина Пејовска. Таско ексклузивно ја промовира новата песна синоќа во ноќен клуб во Скопје.