(Видео) Тејлор Свифт сними спот со трансродов модел

(Видео) Тејлор Свифт сними спот со трансродов модел

пред 2 години

Пејачката Тејлор Свифт го објави спотот за нејзината нова песна Lavender Haze, во кој главната улога ја има трансродовиот манекен Лејт Ешли кој глуми нејзин партнер.

Оваа информација на Твитер ја објави новинарката на Њујорк Тајмс, Ешли Спенсер.

„Љубовникот во новото музичко видео на Тејлор Свифт, Lavender Haze, е трансмоделот и уметник Лејт Ешли. Во време кога правата на транс се повеќе се напаѓани, овој вид на прикажување е значаен“, напишала новинарката.

Лејт и се заблагодари на пејачката за укажаната можност и додаде дека никогаш нема да го заборави ова искуство. Тој изјави и дека снимањето било магично, а дека Тејлор е одлична. Тој и некои нејзини обожаватели и се благодарни што одбрала транс маж за нејзиниот спот, претставувајќи и други транс луѓе.

Ова видео за вториот сингл од нејзиниот нов албум Midnights го режираше Тејлор Свифт. Ова не е првпат да режира и не е првпат да ангажира ЛГБТИ луѓе во своите видеа.

Share
Scroll to Top