(Видео) Тереза Кесовија пееше шансона за Макрон и му посака уште еден мандат

(Видео) Тереза Кесовија пееше шансона за Макрон и му посака уште еден мандат

пред 2 години

Тереза Кесовија, хрватската дива откри дека им пеела на Емануел Макрон и Французите на свечениот ручек во загрепска Еспланада.

 На барање на новинарите, Тереза ​​ја испеала француската шансона La Chanson de Lara, која Макрон можел да ја слушне на ручекот на кој присуствувале околу стотина познати Хрвати.

За посетата таа изјави: „Прво на француски му посакав добредојде, а потоа му кажав дека му посакувам уште еден мандат, затоа што мислам дека тоа ќе донесе добро за нашите земји“. Кесовија беше и остана легенда која има добиено француското одликување и почесна награда во редот на уметноста.

Кесовија живеела во Франција во 60-тите и 70-тите години на минатиот век и таму изградила завидна кариера. Француската кариера на Тереза ​​Кесовија започнала во 1965 година, кога ја отпеала La Chanson de Lara од филмот Доктор Живаго. Додека живеела и работела во Франција, Тереза ​​соработувала со познати ѕвезди како Серж Лама, Тино Роси, Жилбер Беко и Рита Павоне.

Пејачката ​​четири пати ја наполнила париската Олимпија. Таа се сретнала со неколку француски претседатели додека живеела во Франција, а ова е нејзина прва средба со Макрон.

Share
Scroll to Top