(Видео) „Ти си ми омилен“ - Карлеуша падна на кумановецот Марио во „Гранд“

(Видео) „Ти си ми омилен“ – Карлеуша падна на кумановецот Марио во „Гранд“

пред 4 години

Марио Арангеловски од Куманово пееше во четвртиот круг од „Ѕвездите на Гранд“ и со сите шест гласови од жирито помина во следниот круг од натпреварувањето. Тој доби пофалби од сите членови на жирито, и за пеењето, и за стилот, но најмногу од неговата менторка Јелена Карлеуша, која му рече дека тој ѝ е еден од нејзините омилени кандидати.

„Мира ми се лути кога кажувам кои ми се фаворити, ама ти си ми навистина меѓу најомилените од сите мои кандидати. Имаш однос со камерата, кон публиката, одлично пееш и многу напредуваше во овие години“, му кажа Јелена на Марио, кој и претходно се натпреваруваше во „Гранд“.

Тој пееше песни од Дино Дворник и Дино Мерлин. Настапот на Марио почнува на 52:05.

Share
Scroll to Top