(Видео) Фала сине што ме убеди: Северина на зиплајн преку кањон на Плитвички езера

(Видео) Фала сине што ме убеди: Северина на зиплајн преку кањон на Плитвички езера

пред 3 години

Северина со синот Александар го посетија Хрватскиот национален парк, Плитвички езера. По одморот на Малдивите, таа сега ужива в едно од најпосетените места во Хрватска.

Пејачката објави видео како се спушти на зиплајн, низ кањонот кој се наоѓа над реката Корана. Додека нејзиниот инструктор ѝ кажуваше што да прави, деветгодишниот Александар ја храбреше.

„Фала ти сине што ме наговори на ова“, напиша пејачката на видеото и им кажа дека таа ќе проба прва за да им покаже како треба.

„ Мама па ти си јунак. Браво Севе“, беа само некои од коментарите од фановите.

За потсетување, Северина го доби Александар со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со кого водеше битка на суд за старателството.

Share
Scroll to Top