(Видео) Фотограф ја тужи Карлеуша откако пејачката го давеше и пцуеше

(Видео) Фотограф ја тужи Карлеуша откако пејачката го давеше и пцуеше

пред 4 години

Третото основно јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против Јелена Карлеуша за напад и навреда на фотографот на „Курир“, Владимир Спорчиќ, кој се случил пред две години. Во јуни 2019 година, Владимир ја сликаше Карлеуша на гробиштата во Белград, додека таа беше на гробот на нејзината мајка Дивна, неколку дена по нејзината смрт.

Карлеуша го нападна фотографот, го плукна, го давеше и го навредуваше. Видеото од инцидентот потоа беше објавено на Јутјуб. Спорчиќ по настанот поднел кривична пријава против пејачката.

„Јелена е обвинета за кривично дело злоупотреба и тортура“, изјави портпаролот на обвинителството, Маја Делиќ, за српските медиуми.

„Нејасно е како фотографот и неговиот возач ја преживеаја оваа ‘тортура и злоупотреба’. Тие ‘само што си ја врешеа својата работа’ на гробиштата и ја сликаа оваа опасна жена додека го чистеше гробот на нејзината мајка… Двајца исплашени и незаштитени мажи никогаш не смеат да шетаат сами околу гробиштата и да сликаат. Сè може да се случи ако налетате на караконџула, на пример – тортура и малтретирање. И силувањето не е исклучено“, ја коментираше Карлеуша тужбата на својот инстаграм-профил.

 

(Видео) „Ќе те претепам како пи*ка“ – Карлеуша дави, плука и пцуе фотограф

Share
Scroll to Top