(Видео) Фризери си ја избричија косата за да и дадат поддршка на жена која се лекува со хемотерапија

(Видео) Фризери си ја избричија косата за да и дадат поддршка на жена која се лекува со хемотерапија

пред 1 година

Реакција на тројца фризери откако дознале дека нивната клиентка ја потстрижува косата поради хемотерапија, стана хит на социјалните мрежи. Видеото има речиси 16 милиони прегледи на Твитер и околу 200.000 лајкови.

Млад фризер со машинка ја отстранува целата коса на една повозрасна госпоѓа додека таа плаче, а потоа сам ја бричи целата коса од главата. Потоа му приоѓаат колегите кои исто така ја бричат косата.

„Прекрасни млади момци. Плачев“, „Инспиративно. Вакво сочувство е реткост овие денови“, „Сè уште има хуманост на овој свет“, „Буквално плачам“, „Најдобра објава на Твитер“, се само дел од коментарите.

Share
Scroll to Top