Припадникот на американските Морнарички фоки, кој тврди дека го убил Осама бин Ладен во 2011 година, Роберт О’нил, го нарече претседателот на САД, Џо Бајден, катастрофа и го повика челникот на Заедничките началнички штабови, генералот Марк Мили, да си поднесе оставка.
Тој бара негова оставка поради смртоносните последици кои се случија по повлекувањето на американската војска од Авганистан. О’нил на „Твитер“ ја осуди одлуката на Бајден и ја предвиде политичката пресметка.
„@POTUS е катастрофа“, изјави тој.
„Ова е најлошиот пораз во историјата на САД. Нашиот најпопуларен претседател исчезна. Докажете ми дека грешам“, додал тој, а пренесе Newsmax.
Тој исто така се пошегува со Бајден, споменувајќи ја рацијата со Бин Ладен, тврдејќи дека сегашниот претседател се противел за тој напад да се убие најголемиот тогашен терорист во светот. „Бајден го изгуби Авганистан за само седум месеци“, вели О’нил.
Тој не го поштеди ни генерал Мили за неговата улога во брзото преземање на власта од страна на талибанците по повлекувањето на американските трупи.
„Постојат Авганистанци кои загинаа во падот со нашите авиони кои се повлекуваат. Дали @thejointstaff веќе си поднесе оставка“, твитна О’нил.
По подоцнежниот твит само дополни: „Не е уште. Само проверувам“.