Свиркач и бивши американски известувач, Дејвид Груш, тврди дека Пентагон има пронајдено остатоци од делови од летала со вонземјанско потекло, а дека доказите за технологијата незаконски се крие под надзор на конгресот од страна на известувачката заедница, за намерно да се спречи тој надзор.
Ветеранот од американското воздухопловство и поранешен член од Националната геопросторна известувачка агенција, излезе во јавноста со информации и тврди дека вонземјанските летала се чуваат во тајност.
Заматените видеа од неидентификуваните летечки објекти долго време се главна цел на оние кои бараат докази дека приказните за НЛО можеби не се теории на заговор. Во последниве години, владата презеде посилна улога во истражувањето на ваквите видувања, при што Конгресот создаде официјална владина работна група за „Неидентификувани воздушни феномени“, која неодамна беше преименувана во „Канцеларија за решавање на аномалии на сите домени“ или AARO.
Во исто време, НАСА и други владини агенции постојано тврдат дека нема веродостојни докази за вонземски активности на Земјата, припишувајќи ги повеќето видувања на природни феномени или вештачки објекти.
Сега, ветеранот на воздухопловните сили и поранешен член на работната група, Дејвид Груш, официјално објави тајни за кои вели дека никој јавно не ги открил досега. Груш разговараше со наградуваниот истражувачки новинар Рос Култхарт, за NesNation.
Pentagon UFO whistleblower David Grusch says the United States is in possession of vehicles of non-human origin and bodies of the pilots.
Full interview by Ross Coulthart & reaction by Ryan Graves.#ufotwitter #ufo #uap pic.twitter.com/oehU0iSTWT
— UAP James (@UAPJames) June 5, 2023
Култхарт со години има известувана на тема НЛО. Во својата улога во одбранбениот естаблишмент на САД, Груш (36) рече дека му се доверени некои од најголемите тајни на владата. За NewsNation рече дека американската јавност е лажена со децении.
„Постои софистицирана кампања за дезинформации насочена кон американското население, што е крајно неетичко и неморално“, рече Груш.
Ако изјавите на Груш се вистинити, ова е првпат официјален претставник на американската влада да каже дека не сме сами во универзумот.
„Ние дефинитивно не сме сами“, тврди Груш и додаде дека податоците покажуваат, сосема емпириски, дека не сме сами. Исто така, изјави за NewsNation дека не биле пронајдени само вселенските летала.
„Па, се разбира, кога ќе повратите нешто што или слетало или паднало, понекогаш ќе наидете на мртви пилоти и верувале или не, колку и да звучи фантастично, тоа е вистина“, рече тој.
Новинарката Лесли Кин во понеделникот наутро ја објави приказната на Груш во „The Debrief“. Низ нејзината кариера има објавено ексклузивни извештаи за НЛО за The New York Times кои датираат од 2017 година.