(Видео) Ќерката на Роналдо ја прашаа што сака да биде кога ќе порасне, нејзиниот одговор насмеа многумина

(Видео) Ќерката на Роналдо ја прашаа што сака да биде кога ќе порасне, нејзиниот одговор насмеа многумина

пред 9 часа

Во новата, трета сезона на ријалити серијата на Нетфликс, „Soy Georgina“, фановите можат да видат како изгледа животот на Георгина Родригез и Кристијано Роналдо по преселбата во Саудиска Арабија, а една сцена стана хит на социјалните мрежи.

Имено, во таа сцена ја прашале шестгодишната Алана Мартина, ќерка на Георгина и Кристијан, што сака да биде кога ќе порасне.

„Ништо, ништо. Ќе бидам мирна дома“, одговори Алана, а нејзиниот одговор го насмеал фудбалерот, кој одговорил: „Мораш да работиш, љубов“.

„Но, што да правам? Не знам што ќе правам“, праша Алана, а на тоа Роналдо и предложи: „Мислам дека можеш да бидеш актерка”, но на малото девојче не му се допаднало неговиот предлог, а кога тој и кажа дека би можела да биде продуцент на Нетфликс, таа одговори дека можеби дури и ќе го прифати тоа.

Share
Scroll to Top