Видоје бил со љубовницата вечерта кога починал, тврди неговата сопруга Николина Пишек

Видоје бил со љубовницата вечерта кога починал, тврди неговата сопруга Николина Пишек

пред 1 година

Хрватската водителка Николина Пишек во подкастот кај Татјана Јуриќ рече дека нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ имал љубовница, која била со него вечерта кога починал. Пишек го изгуби сопругот пред година дена, а за неговата смрт дознала во Загреб каде била со ќерка ѝ.

Видоје требало да им се придлужи, но за жал починал, рече Пишек и додаде дека има нешто вистина во објавите на медиумите, кои пишуваа дека сопругот починал на масажа додека бил со друга жена.

„Горе доле нешто од тоа е вистина“, рече Пишек која додаде дека таа му била верна, но тогаш не знаела дека тој ја изневерил.

„Имаше една девојка во станот. Не знам ни како се вика, но призна дека била во врска со него. Свекор ми рече дека била масажерка. Малку ми е удно затоа што здравствениот наод покажа дека умрел од напрегање на срцето“, објасни Николина.

Објасни дека оддеднаш била и изневерена жена и вдовица и дека ниту медиумите ниту свекорот со кој до денес е во војна не ја поштедиле. Пишек објасни дека ако Видојде денес би бил жив, не е сигурна дали нивниот брак би опстанал.

Share
Scroll to Top