Актреот Висар Вишка славеше роденден. Тој наполни 45 години и на Фејсбук објави дека доби фраерска торта на која има камера и сет од снимање и е она кое асоцира на Вишка и на неговата професија.
Висар одамна го немаше на социјалните мрежи. Актерот лани пролетта беше актуален откако беше разрешен од функцијата в. д. директор на Гостиварскиот театар , каде беше назначен во 2019 година. Тој тогаш со видео ја покажа неговата канцеларија и воопшто тетерот кој е хаос и лично и се обрати на ексминстерката за култура Ирина Сефковска да види под какви услови се работи таму.
Вишка е истакнат актер кој играл во театар и на филм. Тој беше во брак со водителката Елана Митева со која го имаат синот Дарин.