Владо Георгиев не смее да влезе во Црна Гора до 2030 година

Владо Георгиев не смее да влезе во Црна Гора до 2030 година

пред 7 месеци

Српскиот пејач Владо Георгиев не смее да влезе во Црна Гора до 2030 година, откако полициската управа на Херцег Нови му забрани влез во земјата, соопшти адвокатската канцеларија Томановиќ. Оттаму се надеваат дека оваа одлука ќе биде поништена. Неодамна пејачот на „Твитер“ објави дека го вартиле од граница поради „национална и внатрешна безбедност“.

Министерството за внатрешни работи најпрво ја усвоило жалбата на канцеларијата на Томановиќ, која го застапува Георгиев, во која се наведува дека забраната за влез е законски неодржлива, бидејќи не е наведена причината поради која му е забранет влез во земјата. Но, потоа полициското одделение во Херцег Нови на Георгиев му изрекло забрана за влез за 10 години.

„Во меѓународната правна практика, секогаш постои форма на деградирачки третман на индивидуа кога државата постапува без легитимна цел, непропорционално и наменско навредување на поединецот, затоа што странец има права загарантирани со бројни меѓународни правни документи при влез во земјата“, наведува адвокатската канцеларија.

 

Share

GoGoAnime sword art online gogoanime: Watch Naruto: Shippuden Episode 464

AnimeTV anime tv attack on titan: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 1

Scroll to Top