Водителката Ведрана си замина од емисијата „Голден Карпет“

Водителката Ведрана си замина од емисијата „Голден Карпет“

пред 2 години





Ведрана Ѓорѓевиќ веќе не е водителка на естрадниот магазин „Голден Карпет“ кој се емитува на Канал 5 телевизија. Водителката си заминала од емисијата поради оправдани причини, информираат организаторите.

Емисијата која се емитува на Канал 5 телевизија од февруари ќе има нов концепт каде во улога на водители покрај водителот Миро Кацаров и ќе се појавуваат познати манекенки, пејачки, спортисти и инфлуенсери.

Концептот е замислен така што секоја емисија ќе има нова водителка и секоја недела ќе бидат заменети улогите со една јавна личност. Естрадниот магазин „Голден Карпет”  започна да се емитува во 2020 година.





Share
Scroll to Top