Возилата на БРАКО ќе го чистат Крит

Возилата на БРАКО ќе го чистат Крит

пред 9 месеци

Општината Фаистос на грчкиот остров Крит набави две електрични возила на БРАКО, од моделот GM 500 ZE. Општината има цел  да го електрифицира возниот парк и да ја подобри ефикасноста на комуналната служба со цел хигиената на градските улици да се одржува подобро и притоа без загадување на водухот.

 Дел од квалитетите на ова возило поради кои комуналните служби во општината го одбраа се тростепен систем за филтрација на прав, големa вшмучувачка моќ и можност да собира различен отпад – од прашина до цврст отпад, исклучително тивкиот режим на работа, малите трошоци за дополнување на литиум-јонските батерии со кои се движи возилото, ергономскиот дизајн и  лесното управување.

Преку линијата на електрични и водородни возила за одржување на хигиена, БРАКО и неговиот бренд ГРИН МАШИНС ги поддржуваат локалните власти во одржувањето почисти градови и поздрава животна средина. Возилата се користат во урбани средини во над 60 држави во светот.

Share
Scroll to Top