(Вознемирувачко видео) Девојче од Велес со боксови тепаше своја врсничка

(Вознемирувачко видео) Девојче од Велес со боксови тепаше своја врсничка

пред 4 години

Дванаесет годишно девојче од Велес нападна своја врсничка. Видеото од тепачката е објавено на „Твитер“ профилот Виќо инспектор. Додека едно од девојчињата и удирала боксови, останатите ги снимале. Нападнатото девојчето на телефон се обидело да ја побара мајка ѝ за помош.

За среќа брзи интервенирала повозрасна жена која ги разделила двете девојчиња. На „Твитер“ профилот Виќо инспектор, е објавено дека двете девојчиња биле однесени во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник и со нив бил направен разговор.

Превземени се мерки и против еден од родителите на девојчето кое ја нападнало својата врсничка и поднесена е соодветна пријава за негрижа за дете.

Многумина коментираат дека надлежните треба да се позанимаваат повеќе со ваквите проблеми и да утврдат од каде доаѓа ваквата агресија и бес кај младите, со цел во иднина да се спречат вакви или слични настани.

Share
Scroll to Top