(Видео) Младата пејачка Андреа Коевска има нова песна за сите млади

пред 3 години

Младата поп-пејачката Андреа Коевска ја објави најновата песна Choos My Way. Таа вели дека станува збор за мрачна длабока електропоп балада, во која најмногу ќе се пронајдат младите, но, ќе им се допадне и на повозрасните.

„Додека го пишувавме текстот на песната, морав да се присетам на сите борби со себе и со најблиските кои ги водев во тинејџерските денови. Нашите родители ни мислат и посакуваат најдобро, но, на крајот од денот, ние сме тие кои најдобро знаеме што е тоа што нè прави среќни и исполнети, рече Андреа.

За потсетување пејаката се појави на музичката сцена минатата година во октромври со песната I Know и оттогаш таа се повеќе ја освојува публиката.

Таа за помалку од една година успеа да допре до слуштелите на повеќе од 40 топ радиостаници на Балканот. Нејзините песни I Know, I Don’t Know Your Name, Betting on You и Heartbreak, се емитуваа на преку 200 радио станици низ целиот свет во над 40 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија, Холандија, Италија, Швајцарија, Норвешка, Франција, Мексико, Канада, Сингапур, Јужна Африка, Грција, Македонија , Бугарија и други.

Со 11 милиони прегледи на Тикток и Јутјуб, и над 750.000 преку други стриминг платформи, таа постепено и сигурно се пробива на светската музичка сцена.

Share
Scroll to Top