Во диско еднаш сум бил, а на алкохол не смеам да помислам: Искрено до олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски

Во диско еднаш сум бил, а на алкохол не смеам да помислам: Искрено до олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски

пред 2 години

Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во теквондо ѝ ја донесе најголемата радост на Македонија лани од Токио. По освојувањето на олимпиското сребро, во Скопје го пречекаа како херој. Од аеродромот до триумфалната порта вели дека се моменти низ кои минувал како во сон. И цела сала на „Златна бубамара“ му ракоплескаше на нозе, за што вели дека и денес го лазат морници. А, сребрениот медал кој тежи 560 грама е само најава за следната Олимпијада од која очекува злато. За миговите во финалето во Токио вели:

„Дента пред финалето дури легнав малку и да спијам, бев смирен. Но, тренерот не ми го даваше телефонот за да не сум под притисок од целата онаа поддршка на социјалните мрежи, за што сум посебно благодарен“, открива Дејан.

Почнал да се тренира теквондо во Бутел уште како дете, кога на одморот меѓу часовите дошле да им покажат како изгледа овој спорт. Освен Дејан, и неговиот брат и сестра се занимаваат со теквондо.

„Брат ми цел живот се секира за мене и сестра ми па мислам дека и затоа се откажа од ова“, вели Дејан за „Репортер“.

На прашањето како е кај нив дома, оти сите се занимаваат со теквондо вели: „Ех, навикнати се. Мајка ми на пример секогаш е со нас, цело време е фокусирана на нас да ни биде сè како што треба. Нашите успеси за неа се најголемата радост“, искрен е Дејан.

Дипломец на Факултетот за менаџмент и туризам. Ретко кога излегува, но сепак наоѓа време и да биде со пријателите за да седне на сок или чај. Вели секој свој успех го должи и на своите тренери, а еден од нив е и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„Јас го знам од дете. И нам во клубот ние е чудно кога е градоначалник, а не кога е тренер. Ама ние од Бутел сме многу успешни и во спорт и во сè“, се шегува Дејан.

Од поддршката на Шабан Трстeна до олимпските кругови истетовирани на раката, од детските денови во Бутел во маало до сребрениот медал, за теквондото како спорт и за желбата да донесе злато од ЛО во Париз… гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Share
Scroll to Top