Истражувач вели дека наишол на биолошка опасност во еден напуштен објект во Оклахома. Кога подетално ги разгледал просториите сватил дека станува збор за напуштена болница, која била користена за истражување и тестирање на животни.
Болницата е затворена во 2012 година, откако градот направил нова зграда. Но, од видеото кое е објавено на BigBankz, се гледа дека во неа има разни биолошки опасности. Во теглите биле оставени мозоци од мајмуни и други органи, кои сега изгледаат страшно.
Можат да се видат шприцеви и други предмети кои експертите ги користеле за истражување, а кои ги оставиле зад себе. Имало и чудни справи. Во напуштената зграда имало и кафези во кои некогаш веројатно биле чувани животните, додека бројни документи сè уште стојат во кутиите.