„Врба“ на Милчо Манчевски е најдобар филм на фестивалот во Њујорк

пред 3 години

Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски ја доби наградата од жирито за најдобар филм на фестивалот „Стони Брук“ во Њујорк.

„Жирито беше трогнато од артистичката длабочина на филмот, кој предизвика бурни емоции кај публиката“, стои во објавата на фестивалот.

„Стони Брук“ е фестивал за независни филмови кој годинава се одржа 26. пат. Беа прикажани 35 американски и странски филмови на независни режисери.

„Врба“ на Манчевски ја имаше светската премиера на Римскиот фестивал 2019 година, а потоа беше прикажан на уште 30 меѓународни фестивали и освои пет награди. „Врба“ беше и македонски кандидат за Оскар, а ги собори рекорди на гледаност во Македонија. Тој се прикажува и на Синемакс и на Ејч-Би-О.

Деновиве, Манчевски привршува со снимањето на неговиот најнов филм „Кајмак“ на локации низ Скопје.

 

Share
Scroll to Top