Вулкан што добива сина боја за време на ерупцијата е застрашувачка атракција на Пацификот

Вулкан што добива сина боја за време на ерупцијата е застрашувачка атракција на Пацификот

пред 3 години

Појасот на земјите околу Пацификот има застрашувачко име: Пацифички Огнен Круг или Огнен Прстен. Ова име потекнува од многубројните вулкани пронајдени во областа. Синџирот долг 40.000 километри содржи дури две третини од активните вулкани во светот, а на овој регион има дури 90 земјотреси.

Вулканот што се истакнува со својот необичен ефект е Кавах Ијен, лоциран на островот Јава, во близина на Бали. Ова е 13-ти по големина вуклан во светот и на неговиот врв се наоѓа прекрасно синозелено кратерко езеро.

Кога ќе се активира овој вулкан, тој испушта сина лава. Затоа се нарекува и Син Вулкан. Поради големата количина на сулфур во комбинација со висока температура (600 °C) и висок атмосферски притисок, горат сулфурни гасови што излегуваат од карпите и лавата добива неонска сина боја.

Но, лавата само навидум добива сина боја. Таа всушност има иста боја како лавата на другите вулкани. Синиот ефект доаѓа од пламенот што го создава, а гасовите понекогаш кондензираат и продолжуваат да течат по падините на вулканот, создавајќи ефект на сина лава, а сината магија е видлива само ноќе.

Share
Scroll to Top