(Галерија) Али Ахмети, Елизабета Канчевска, Фатиме Фетаи и многу јавни личности на отварањето на Албанскиот театар

(Галерија) Али Ахмети, Елизабета Канчевска, Фатиме Фетаи и многу јавни личности на отварањето на Албанскиот театар

пред 2 месеци

Познати актери, личности од јавниот живот, музичари, политичари, вчеравечер беа на отварањето на реконструираниот Албански национален театар. Конечно, после подолго време, целосно уреден, театарот ги собра на едно место лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ексминстерката за култура Елизабета Канческа, обвинителката Фатиме Фетаи, музичарот Бени Шаќири, директорката на театар Комедија, Нора Шаќири -Марковиќ и многу други.

Истовремено театарот одбележа и 71 година од своето постоење. Отварањето беше со секвенци од преставата во која требаше да игра починатиот актер Луран Ахмети кој ја изгуби битката со короната. Таа престава требаше и да го отвори театарот, но беа прикажани само делови од неа.

До сега актерите од Албанскиот театар заедно со Турската драма, играа во театарот Комедија. Од сега ќе играат во новиот реконструиран театар, каде директор е Адем Карага.

Албанскиот театар во Скопје со долгиот стаж на постење е значаен чинител на културата во Македонија. Со репертоарските поставки во текот на сите изминати години, секогаш ја потврдувал својата основна цел: да биде креатор, да го негува актерскиот и режисерскиот креативен состав, да создава свои кадри и да соработува со актери, режисери  и најбитното да има публика од најразличен национален состав.

Формиран е на 20 јануари 1950 година . Првата претстава е одиграна на 12 јуни 1950 година, “ Женидба“ од Гогољ во режија на Абедин Красниќи.

Алкесандра Георгиев

 

Share

Kaleido Star: New Wings Extra Stage (https://kissanime.mx/m/e7d) Episode Full

Website https://animeheaven.pro: Watch Outbreak Company animeheaven Episode 12 anime heavene

Website https://animebee.to: Watch Summer Days with Coo animebee Episode Full anime streaming

Watch Tsubasa RESERVoir CHRoNiCLE The Movie: The Princess in the Birdcage Kingdom (Dub) Episode Full

Linkedin: https://www.linkedin.com/in/gogoanimelol/

Fimfiction: https://www.fimfiction.net/user/443480/gogoanimelol/about

Scroll to Top