(Галерија) Бекамови, Крис Рок, Вуди Харелсон, Метју Меконахи ги посетија Сплит, Истра и Дубровник, Хрватска и летово е омилено место за одмор на светскиот џет сет

(Галерија) Бекамови, Крис Рок, Вуди Харелсон, Метју Меконахи ги посетија Сплит, Истра и Дубровник, Хрватска и летово е омилено место за одмор на светскиот џет сет

пред 2 години

Дејвид и Викторија Бекам, Вуди Харелсон, Крис Рок, Метју Меконахи, Лејк Бел, Саша Барон Коен, познат и како Борат, тапанарот на „Металика“, Ларлс Урлих се само некои од светските фаци кои и ова лето решија да ја посетат Хрватска.

Викторија и Дејвид Бекам летуваат во Хрватска со своите деца, познатата двојка престојува во луксузниот комплекс Лопуд 1483 во Лопуд, пренесуваат хрватските медиуми.

Таму го прославија и 11-от роденден на својата ќерка Харпер, а на Инстаграм објавија фотографија од прославата. Дубровничкиот весник пишува дека пред комплексот Лопуд 1483 има чувар. Тоа е поранешен францускански манастир што го обновила грофицата Франческа фон Хабсбург и денес е една од врвните локации на Јадранот. Во рамките на комплексот има и Света градина.

Изнајмувањето на луксузниот комплекс за еден ден чини 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1.400 евра. Познатиот пар неодамна посети ресторан на островот Шипан.

Холивудскиот глумец Метју Меконахи веќе неколку дена одмора во Хрватска, поточно во Истра. Папараците го снимија во петокот вечерта како ужива додека го гледа зајдисонцето на задниот кат од мега јахта, откако претходно лежеше на горниот дел од палубата.

Неодамна го посети и познатиот хотел во Балама, каде во друштво со сопругата се сретна со своите обожаватели.

Тапанарот Ларс Улрих (58) е едно од многуте познати имиња кои летово го избраа јадранското крајбрежје за одмор, пред неколку дена беше виден во Сплит во вегетаријански ресторан со сопругата. Биле видени и како возат гумен чамец од Хвар до Сплит. Двојката беше фотографирана во друштво на музичкиот менаџер Гај Осеари и неговата сопруга, моделот Мишел Алвес.

Глумецот Вуди Харелсон пристигна во Сплит. На терасата од ресторанот кој се наоѓа над Диоклецијановата палата, со неговата сопруга Лора Луи во петокот се снимени како уживаат во друштво на холивудската елита. Таму беа комичарот и актер Дејвид Спејд и Крис Рок, неговата девојка Лејк Бел и познатиот „Борат“ Саша Барон Коен.

По вечерата со колегите, Вуди се качи на гумен чамец со сопругата и уште еден пар ѝ се упати во непознат правец. Недолго потоа, ги пречека чамец полн со обожаватели. На Харелсон не му се допадна што по пат го следеле камерите како го снимаат, па се сврте и им го покажа средниот прст. Тука е и некогашната НБА ѕвезда Шекил Онил кој пушташе музика во Крк со Лука Дончиќ.

За потсетување, минатата година Хрватска ја посетија и Харисон Форд и Дени Мур, а пред нив тука дојде и нивниот колега познатиот холивудски глумец Силвестер Сталоне со неговите ќерки.

Хрватска ја посети и вдовицата на некогашната НБА ѕвезда Коби Брајант, Ванеса, а Мајкл Џордан пристигна во Сплит и пловеше низ Јадранот на јахта од милион долари.

Share
Scroll to Top