(Галерија) Во костим и патики се ожени Игор Карачиќ, невестата избра секси венчаница

(Галерија) Во костим и патики се ожени Игор Карачиќ, невестата избра секси венчаница

пред 3 години

Хрватскиот репрезентативец и поранешен ракометар на „Вардар“, Игор Карачиќ денес се ожени со архитектката Душица Андоновска.

Свадбата беше во Мостар, од каде е Игор, во кругот на најблиските роднини и пријатели, а воедно го прославија и роденденот на Душица.

За свечесноста, Душица носеше кратка венчаница, додека Игор облече костим и патики.

Следната година планираат поголема свадба со многу гости.

На церемонијата за првпат се собраа сите од двете семејства, а интересно е што Душица се три сестри, а Игор пак се тројцата браќа. Ова е првпат сите да бидат заедно.

 

Душица за „Репортер“ во април ја раскажа нивната љубовна приказна, која почна во Скопје.

Игор сега игра за полскиот ракометен клуб „Кјељце“, така што тие се често на релација Македонија-Полска.

„Во годината пред пандемијата имав можност да ја видам Полска во друго светло. Животот во Полска е многу убав. Трошоците се малку поголеми отколку кај нас, ама Полјаците повеќе заработуваат. Народот е поладен, не се комуникативни, но се културни. Тука секој си ја гледа својата работа. Во големите градови сите зборуваат англиски, ама ретко можете да сретнете личност што зборува англиски во помалите. И ова ми беше многу чудно“, искрено раскажа архитектката за животот во Полска

Не очекував прстен во хаосот од пандемијата: Душица Андоновска првпат ја раскажа љубовната приказна со Игор Карачиќ

Share
Scroll to Top