(Галерија) Ева Лонгорија во бел романтичен фустан од Тони Матичевски на хуманитарна забава во Шпанија

(Галерија) Ева Лонгорија во бел романтичен фустан од Тони Матичевски на хуманитарна забава во Шпанија

пред 4 години

Холивудската глумица Ева Лонгорија облече креација од македонскиот дизајнер Тони Матичевски на хуманитарна забава во Марбеља, Шпанија. Таа беше еден од домаќините на свеченоста на Global Gift, непрофитна организација фокусирана на олеснување на животот на децата, жените и семејствата.

dobivaj vesti na viber

Не е првпат Лонгорија да носи фустан од македонскиот дизајнер. Таа белиот романтичен фустан со асиметрично деколте го искомбинира со сребрени сандали и мали дијамантски обетки.

Матичевски е еден од најпознатите дизајнери во Австралија, каде што неговите родители се преселиле уште додека Македонија беше дел од Југославија. Негови креации, освен Лонгорија, носеа и Хајди Клум и Киртсин Данст.

Share
Scroll to Top