(Галерија) Златна торта и журка со згодни девојки за роденденот на Златко Јовановски

(Галерија) Златна торта и журка со згодни девојки за роденденот на Златко Јовановски

пред 3 години

Со златна торта и коктели, модниот дизајнер Златко Јовановски го прослави 26. роденден. На забавата во познат скопски ресторан тој прослави со неколку блиски пријателки. Во негов стил, Златко носеше зелено палто со златни детали. Имаше и балон со кралска круна, која му е заштитен знак од почетокот на кариерата.

„Само згодни девојки на забавата кај Златко“, коментираат на социјалните мрежи.

Дизајнерот, кој е познат како ЈЗЈ, последниве неколку месеци е актуелен во јавноста со неговите дизајни што ги носеа познати светски ѕвезди. Пејачката Ава Макс се сликаше во негов фустан за насловната страница на магазинот „Хер ворлд“. Креациите на Златко се појавија и во модните едиторијали на „Космополитан“ и „Гламур“, а за него пишуваше и „Вог“, најпознатиот моден магазин.

 

Share
Scroll to Top