(Галерија) Ивана Кнез се разголе, рече ќе ги блокира сите што ќе ѝ остават некултурни коментари

(Галерија) Ивана Кнез се разголе, рече ќе ги блокира сите што ќе ѝ остават некултурни коментари

пред 3 години

Модната дизајнерка Ивана Кнез на Инстаграм објави слики во кожа и градник од тантела, па ги праша дамите зошто сè почесто се решаваат за удобна наместо секси долна облека.

„Зошто бираме чипка само за специјални прилики и зошто сè повеќе бираме комфор пред стил, исто како што ни е потребна посебна причина за да се дотераме? Би била благодарна доколку го продискутираме ова заедно, би сакала заедно да дојдеме до точка на мотивација за секоја од нас да има желба да изгледа волшебно во сите можни слоеви“, напиша Ивана.

Креаторката додаде и дека ќе ги блокира сите што ќе остават некултурни коментари, но доби само пораки дека е секси и жешка.

Ивана, која за скоро две години успеа да симне околу 30 килограми, последните месеци сама ги рекламира своите креации, па често знае да се облече провокативно, не само за фотосесија, туку и во приватниот живот.

„Секоја дама треба да секогаш да изгледа средено, макари и да оди само до продавница“, рече неодамна Кнез во интервју за „Репортер“.

Share
Scroll to Top