(Галерија) Ивона Јо ослабе 70 килограми и првпат во животот облече бикини на плажа

(Галерија) Ивона Јо ослабе 70 килограми и првпат во животот облече бикини на плажа

пред 2 години

Пејачката Ивона Јо ослабе околу 70 килограми и првпат во животот облече бикини на плажа. Таа деновиве е на одмор во Аспровалта, Грција, од каде што објавува слики на социјалните мрежи. Сето ова се случува откако Ивона пред скоро една година направи операција за кратење на желудникот, по што почна да слабее. По операцијата, таа во интервју за „Репортер“ рече дека едвај чека да дојде лето за да облече дводелен костум и веќе да не мора да го крие телото.

dobivaj vesti na viber

„Си ветив дека кога ќе ослабам ќе одам на некоја егзотична плажа и ќе облечам дводелен костум за капење. Пред мене е уште долг процес на опоравување и операција за кратење на кожата, но едвај чекам да одам на плажа“, рече тогаш Ивона.

Таа тогаш во разговорот ни кажа и дека на денот кога го снимавме интервјуто, првпат во животот облекла фармерки. Рече, тоа е нешто што сакала да го направи од дете, но немала храброст.

Share
Scroll to Top