Првата дама Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски вчера на социјалните мрежи сподели интересни фотографии отако беше да го посети селото Рамне (Охридско). Таму се дружеше со семејството Недановски, кое, како вели Бети “ одгледуваат се’ што може природата тука да даде, рузмаринот е во миризливи грмушки, јајцата се свежи, киселото млеко самите го прават“. Низ фотографиите, се гледа дека и таа не остана рамнодушна на традицијата, па засука ракави за да спреми зелник.