Еден месец откако го роди синот Зен, Туна повторно се врати на формата пред породувањето. Таа се прошета во Дино паркот во Скопје со синовите Тиан и Зен, а фотките ги објави на Инстаграм. „Еден месец, а мојата љубов кон тебе само расте“, напиша таа.
„Како да не си родила“, „Презгодна си“, „Секогаш во топ-форма“, се дел од коментарите што ги осавија фановите на пејачката.
Туна, која ја криеше бременоста од јавноста, на 9. мај објави слики од моментот кога го раѓаше вториот син. Оттогаш таа неколку пати сподели слики од деновите кога беше бремена, а потоа и слики од бебето.