Германците објавија измислено интервју со Шумахер: „Можам да стојам, не би преживеал без семејството“

Германците објавија измислено интервју со Шумахер: „Можам да стојам, не би преживеал без семејството“

пред 2 години

Германскиот весник Die Aktuelle го објави интервјуто со легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер, кое подигна голема прашина во јавноста.

Новинарите од споменатиот весник со фотографија на насловната страна, рекоа дека успеале да му направат интервју, но од текстот може да се види дека станува збор за измама.

Одговорите ги добиле со помош на вештачка интелегенција, која одговарала на прашањето наместо Шумахер. Новинарите така ги добиле одговорите на прашањата кои ги интересирала јавноста.

Иако е јасно дека интервјуто е лажно, одговорите станале повод за расправа и коментари на социјалните мрежи. Зад целата акција стои лажен разговор во кој уредниците на магазинот со помош на вештачка интелигенција формулирале одговори на прашањата од интервјуто.

Па така вештачката интелегенција одговорила дека Шумахер може да стои на нозе со помош на најблиските, но и дека без поддршка на семејството не би преживеал изминатите години.

За потсетување, Шумахер пред десет години доживеа тешка несреќа на скијање на француските Алпи. Несреќата се случила на 29 декември 2013 година, откако Шумахер излетал од патеката, паднал и со главата удрил во карпа. Бил тешко повреден, а од сигурна смрт го спасила кацигата која ја носел.

Share
Scroll to Top