Горан Пандев: Живеам за овој натпревар

Горан Пандев: Живеам за овој натпревар

пред 12 месеци

Капитенот на македонската фудбаска репрезентација Горан Пандев, најави голема борба на утрешниот натпревар со Косово кој ќе се игра во рамки на полуфиналето од плејофот на Лигата на нации.

„Благодарност до сите кои помогнаа за моето доаѓање. Желбата на сите нас беше преголема јас да дојдам во Скопје. Концентриран сум на натпреварот. Атмосферата е одлична. Знаеме што ни
носи овој меч. Жално е што ќе нема публика. Подготвени сме и се надеваме на победа. Сакав да играм пред полн стадион, но такви се околностите. Натпреварите во репезентацијата и во клубот не се исти. За мене ова е последна шанса да се пласирам на едно големо натпреварување. Ќе го
оставиме срцето на терен. Гориме од желба да го израдуваме нашиот народ. Знаеме во каков период живее не само Македонија, туку целиот свет“, изјави Пандев на денешната прес-конференција.

Тој нема тренирано последните седум дена поради појавата на коронавирус во
неговиот клуб Џенова.

„Тешко е без тренинг цела недела, но селекторот ги знае моите квалитети и убеден сум дека правилно ќе ме искористи. Првите минути ќе бидат тешки кога тремата ќе биде присутна, но после петтата минута веќе се ќе се заборави, додаде Пандев.

Заради позитивниот тест, селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на услугите на играчот на Наполи Елиф Елмас.

Елмас е втор македонски репрезентативец кој е заразен со корона. Минатиот месец голманот Столе Димитриески беше позитивен на вирусот, па не настапи на натпреварите со Ерменија и Грузија.

Натпреварот ќе се игра утревечер со почеток во 20.45 минути на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, без присуство на публика.

 

Share

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

ANIMEFLIX: Wake Up, Girls! New Chapter anime episode 13 online free at https://animeflix.nl animeflix howls moving castle

Website https://animetv.cc: Watch Convenience Store Boy Friends animetv Episode 12 web anime tv

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro

Buzzfeed: https://www.buzzfeed.com/kissanimemx

Confengine: https://confengine.com/user/gogoanimelol

Scroll to Top