Гордон Ремзи лут: Луѓето мислат дека сум му дедо на мојот син

Гордон Ремзи лут: Луѓето мислат дека сум му дедо на мојот син

пред 4 години

Светски познатиот готвач Гордон Ремзи (54) се лути кога луѓето мислат дека му е дедо на 19-месечниот син Оскар. Ремзи со сопругата Тана има има пет деца: Меган (22), близнаците Џек и Холи (20), Матилда (19) и Оскар, но некои луѓе мислат дека бебето е син на еден од неговите близнаци.

„Шетаме со Тана и Џек и сите гледаат во Џек како Оскар да е негов син. Сигурно сте горди што сте дедо. По ѓаволите, тој е мој. Ако уште еднаш ме наречат дедо, ќе бидам многу лут!“, вели Гордон.

 

 

Share
Scroll to Top