Горили се заразиле од корона во зоолошка во Сан Диего

Горили се заразиле од корона во зоолошка во Сан Диего

пред 3 месеци

Неколку горили во зоолошката градина во Сан Диего се заразени со коронавирус, пренесуваат светските медиуми. Извршната директорка на паркот, Лиса Питерсон, изјавила дка осум горила кои живеат заедно во паркот, биле заразени со ковид.

Кај неколку од нив е забележана кашлица. Се претпоставува дека инфекцијата дошла од некои од вработените во зоолошката градина, кои исто така биле позитивни на коронавирусот, но спаѓаат во асимптоматски случаи.

Ветераните внимателно ја следат состојбата на горилата, пренесуваат медиумите. Жовотните ќе останат во своите кафези, објаснила Питерсон. Уште некои животни претходно добиле корона како тигрите, но се верува дека ова е првпат како горилата се заразиле.

„Ова се диви животни, кои имаат свои сопствени механизми на одбрана и тие се лечат поинаку од нас. Сега во фокус ни е да ги одржиме здрави и живи“, додала Питерсон.

Share

ANIMEFLIX animeflix fruits basket: Attack on Titan (Dub) Episode 25

4Anime persona 4 the animation: Attack on Titan Season 2 (https://4anime.biz/m/poNj) Episode 12

Scroll to Top